Бизнис

Трамп даде подршка за Биткоин: “Биткоин е форма на валута со многу голема примена”

Трамп гостуваше на телефон во CNBC и разговараше за биткоин и како тој го користи

Кога беше прашан за биткоин, Трамп кажа:

„Биткоин веќе си расте во вредност сам по себе. Понекогаш правам некои работи за забава и заработувам малку пари со тоа“

На тоа, водителот го праша дали некогаш тој купил биткоин.

„Не, не, но понекогаш дозволувам луѓето да плаќаат со биткоин. Тоа е додатна форма на валута. Многу јасно дека јас не сакам луѓето да го запоставуваат доларот но биткоин веќе е самостоен. Направив нешто на коешто луѓето се смееја но беше лудо! Продававме патики во ограничено издание. Толку беше голема побарувачката што последниот пар патики се продаде за 450.000 долари! И сè беше купено во крипто валути, не ми се веруваше што се случува“

Сепак Трамп кажа дека не е опција Америка да се тргне од доларот!

Целото интервју за Трамп и биткоин може да го гледате тука