БизнисПопуларно

Филмот кој ги полуде сите генерации веќе руши рекорди: За што се работи? (ВИДЕО)

Филмот “Minecraft” кој во кината пристигна само пред неколку дена привлече големо внимание кај публиката и веќе заработи рекордна сума на пари.

За време на својот премиерен викенд, филмот Minecraft заработи повеќе од 300 милиони долари ширум светот, а исто така го сруши рекордот кога станува збор за филмски адаптации на видео игри.

Имено, станува збор за филм кој е создаден со адаптација на најпродаваната видео игра на сите времиња, Minecraft.

Оваа игра веќе 15 години е целосно луда за различни генерации ширум светот, па филмот сега го гледаат деца, но и возрасни. Засега филмот има не толку висока оцена од 6,1 на IMDB.

За што е филмот Minecraft?

Филмот е наменет за сите возрасти, може да го гледа целото семејство, а еве за што се работи.

Филмот Minecraft следи четворица аутсајдери кои, додека се соочуваат со обични проблеми, преку мистериозен портал се вовлечени во прекрасниот Overworld и светот на фантазијата.

За да се вратат дома, треба да поминат низ авантури и препреки, сметајќи на сопствената креативност и способности. Има и пречки на нивниот пат, како што се зомби. Ним им помага и рударот и градител Стив.

Во филмот играат Џејсон Момоа, Џек Блек, Ема Мајерс, Даниел Брукс, Себастијан Хансен, Џенифер Кулиџ.