“MicroStrategy” сега поседува 205.000 биткоини откако докупи 12.000 во новиот бран на раст
“Microstrategy” незнае да престане со купување на биткоин па и не е баш некое изненадување што докупи 12.000
За тие коишто не се запознаени со ИТ фирмата “Microstrategy” и нивниот извршеб директор Мајкл Сејлор, тие се едни од најголемите веруваки дека биткоин е тука да остане и константно веруваат во континуираниот раст на најпозната крипто валутата.
Дури и во времињата кога биткоин беше блиску до својот максимум, а исто така и во времињата кога беше блиску до својот минимум Мајкл Сејлор упорно купуваше.
Според најновниот твит на Мајкл Сејлор, “Microstrategy” купи 12.000 биткоини за цена приближна до 821.7 милиони долари, односно приближно до 68.477 по биткоин. “Microstrategy” сега во нивното портфолио има 205.000 биткоини купени за просек од 6.91 милијарди долари. А просечната по биткоинн изнесува 33.706 илјади долари. Одличен бизнис ако земеме во предвид дека професионалците предвидуваат многу позитивни времиња за биткоин а исто така неoдамна биткоинот постигна нов максимум.
Чисто за споредба, на списокот на јавни компании кои на својата биланс на состојба имаат биткоин, прва секако е “Microstrategy” со 205.000, втора на списокот е “Tesla” со околу 10.000 биткоини, а трети се Hut “8 Mining Corp” со 8400!