Администрацијата на Бајден во оган. Тексас го возвраќа ударот, Америка пред граѓанска војна!
Одкако Бајден не успеа да ја заштити американската граница во Тексас, се остави ранлив за остатокот од јавноста да се нафрли по него и неговата администрација. Да бидеме реални, Бајден скроз ја утна работава со границата и во моментов, границата во Остин, Тексас буквално е хотел промаја што се вика. Кој сака влегува, кој сака излегува, и тоа без никаков отпор. Моментално е потешко за Македонец да влезе во Србија, одошто е за доселеник да влезе во Америка. Во Србија барем ќе ни побараат некаква документација при влез.
Дојдено е до степен да се обедини цела Америка против овие апсурдни наредби од Џо Бајден. Тексас, наместо да чека помош од администрацијата на Бајден, донесоа одлука сами да се справат со напливот на имигранти преку нивните граници. Имено, дигнаа барикади каде што претходно беше отворена границата, пуштена е националната гарда на Остин заедно со полиција да стојат како стража на места кај што влегуваат доселениците и доколку е потребно, и да ги апсат.
Во оваа битка, Тексас доби поддршка од речиси цела Америка, ама претседателот нејќе да чуе! Имено, Доналд Трамп, Роберт Ф. Кенеди Џуниор и 25 Американски држави изјавија поддршка за Тексас во нивната битка против администрацијата на Џо Бајден.
“Тексас е сосема во право, неуспехот на Бајден да ја обезбеди границата за жал не остава друга опција освен граѓаните на Тексас да ги превезамат работите во свои раце.” – Роберт Ф. Кенеди Џуниор
Трамп отиде чекор подалеку и ги повика сите држави што го поддржуваат Тексас да пратат своите национални гарди да ја бранат границата од доселеници.
“Ги охрабруваме сите држави да ги распоредат своите национални гарди во Тексас за да го забранат илегалниот влез на имигрантите и да ги врата назад преку границата” – Доналд Трамп
Бајден, како вистински пион, наредил до утрешниот ден (27.1.2024) да бидат тргнати сите огради од границата, додека владата на Тексас, фино. лепо му кажа дека тоа „Не доаѓа во предвид“. Не само што не се сложија туку го направија скроз обратното, се мобилизираа и уште толку огради кренаа за да не влегуваат мигранти.
Јавниот обвинител на тексас Генерал Кан Пекстон го обвини Бајден за соработка со мексиканските картели и кажува дека имал направено зделка да биде парично надоместен за тоа што ја отвора границата.
И ете така Америка се најде во позиција каде што е можно да избие граѓанска војна поради лудите барања на Џо Бајден, ширум да ги отвори границите на Америка.