ВестиПопуларно

Алармантно предупредување од ЦИА: За 48 часа Иран ќе изврши напад врз Израел

ЦИА предупредува дека Иран ќе го нападне Израел во рок од 48 часа како одмазда за нападот врз конзулатот на Техеран во Дамаск.

Имено, оваа недела Израел уби двајца ирански воени команданти во напад на конзулатот во главниот град на Сирија, а Иран вети дека ќе се одмазди за нападот.

Медиумите пишуваат дека Иран наводно планира комбиниран напад со „дожд“ од дронови и проектили истрелани од неговите бази на стратешки локации во внатрешноста на Израел.

Американските власти веќе изразија стравување дека израелскиот напад може да доведе до поширока војна на Блискиот Исток.

Така, поранешниот функционер на ЦИА, Ралф Гоф, кој работел на Блискиот Исток, рече дека израелскиот напад бил „непромислен“ и додаде дека „само ќе резултира со ескалација на Иран и неговите сојузници“.

Говорејќи за „Њујорк тајмс“, тој додаде дека Израел се обидува да ја нападне Иранската револуционерна гарда за „да ја казни за тековните заговори за убивање или киднапирање на Евреи ширум светот“.

Поранешниот шеф на американската Централна команда и пензиониран генерал со четири ѕвезди Кенет Ф. Мекензи предупреди дека нападот е „удар“ за Иран.

Тој исто така рече дека „опциите на Иран да го нападне Израел се многу, многу ограничени“ и додаде дека „Израелците нема да отстапат“.

Очигледно нема да отстапат ниту Иранците.

„По последователни порази и неуспеси против верата и волјата на борците на Фронтот на отпорот, ционистичкиот режим на својата агенда во борбата за спас ги стави убиствата на слепо“, рече иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи по нападот, додавајќи дека нивните храбри луѓе „ќе го казнат злобниот ционистички режим“.

„Ќе ги натераме да зажалат за ова и за други злосторства“, се закани тој.