Америка и Иран чекорат близу до војна?
Како што почна 2024та година, гарант ќе биде весело до 2025. Најновите меѓународни тензии денес искачат од Иран.
Тензиите се појавија од кога беа отепани 3 Американски војници во Јордан од страна на дронски напад од ирански милитантски групи. Американците изјавија дека сигурно ќе има некаков одговор од САД, но одговорот ќе бил на начин каков што посакуваат и времето сами ќе си го одредиле.
Оваа изјава донесе огромен бес кај Американската јавност. Особено ако се земе во предвид дека Џо Бајден им даде 6 милијарди евра, и веднаш потоа во парламентот сите заедно пееја „Смрт за Америка“, која претставува уште една лоша одлука во низата лоши одлуки на Џо Бајден,
Американски политичари имено Линдзи Грахам и американскиот сенатор Џон Корнин јавно искочиа и побараа да се нападне Иран веднаш во знам на поддршка на Израел. Такер Карлсон беше брз да им одговори нарекувајќи ги двајцата “Е*eни лудаци”,
Можеби она што го заборавија Американците е дека Путин и Русите ги рачунаат Иран како многу важни стратешки сојузници.
Авторот Даглас Макгрегор кој е бивши воен ветеран пишува „Постои договор на маса кој треба да е потпишан во Москва кој ќе осигури дека Русија ќе и помогне на Иран доколку дојде до ситуација надвор од контролата на Иран“
Макгрегор додаде „Русија дефинитивно нема да гледа од страна додека ние Американците го уништуваме Иран. Ке им спроведат на Иран сè што е потребно за да се одбрани. Исто така Кинезите имаат голем интерес за влез во Персискиот Залив и пристап до источна Африка од каде што се снабдува Кина со големи количини на храна. Дефинитивно и тие нема да седат мирни додека ние ги тераме Иранците да се предадат.
Иран испрати порака до САД во којашто им напомена „Доколку Американец изведе дури најмал вид на напад на нашата земја, со жртви или без, ќе ја ескалира ситуацијата до степен кај што ќе нема назад“
Командирот на Иранската војска изјави „Не бараме ние војна, но исто така и не се плашиме од војна“
Според шпекулациите од САД, се збори дека Бајден не планира да ја ескалира ситуацијата до степен да дојде до повеќе жртви но едно е сигурно, секој ден се појавува нешто ново кога е во прашање блискиот исток и се повеќе држави се вмешуваат, дали ќе се војува или не, останува да видиме.