ВестиПопуларно

Англичанец си ја вреѓа државата 38 секунди: „Одвратни сме!“

Сајтот „joe.co.uk“ објави видео од 38 секунди, во кое еден Англичанец веројатно го кажува тоа што секој што не е Англичанец, го мисли.

„Британија е за никаде. Мнозинството од луѓето кои ги имам запознаено во Англија, не сите, но повеќето се едноставно одвратни. Владата ни е за никаде, времето е за никаде, пазарот за работа е лош, платени сме ужасно. Имаме одвратни стереотипи за остатокот од светот, а ние сме најодвратните луѓе. Едноставно грозно. Одбиваме да ги научиме јазиците на другите луѓе и тоа е грозно“, вели овој Англичанец.

На крајот, за уште толку да ги „закопа“ своите сонародници вели: „Попрво би бил Французин“.

Секако, коментарите се мешани, а повеќето го критикуваат дека не си ја сака државата.

„Братот плукаше факти додека не кажа дека попрво би бил Французин“; „Како Шпанец кој живее во Англија, тврдам дека ова е точно“, „Зошто си уште тука?“, се само некои од коментарите.

@joeuk

Man passionately breaks down why he hates England 🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 #publicinterview

♬ original sound – joe_co_uk