Боки 13 го прекина поткастот кај Лазаров – му јавија дека во неговиот дом има полиција
Вечерва се емитуваше второто гостување на Бојан Јовановски-Боки 13 кај јутјуберот Стефан Лазаров.
Во еден Боки 13 момент мораше да го напушти студиото, а поткастот мораше да биде прекинат, откако му јавија дека има полиција во домот кај неговите родители.
– Се слушнав со мајка ми, во два наврати доаѓало полиција во мојот дом во Тафталиџе. Ме бараат на информативен разговор. Пријавен сум по член 144 од КЗ, тоа е загрозување на безбедност. Моите информации велат дека Зоран Милески-Кичеец ме пријавил дека јас сум му ја загрозил безбедноста со тоа што сум споменал јавно и сум објавил дека тој стои позади заканите и дека тој е човекот што сакаше да ме замолчи, рече Боки 13.