Болничар ја киднапирал Соња и ја дрогирал во станот, полицијата го пуштила: По новите докази може повторно да оди во затвор
Болничарот Ива, кој е осомничен дека ја киднапирал студентката Соња и ја дрогирал во неговиот стан во Словачка, по доставените нови докази до судот би можел повторно да оди во затвор.
Откако девојчето било спасено, тој од притвор бил префрлен на психијатриска клиника и кривичната постапка против него била прекината откако било утврдено дека боледува од шизофренија.
Со качулка на главата, полицијата го внесла во судницата во Пежинок, откако на предлог на Обвинителството беше донесена одлука за обновување на постапката.
Имено, двајца лекари од болницата во која е примена Ива тврдат дека тој дефинитивно не боледува од шизофренија.
Тврдат дека првите шест дена по пристигнувањето во болница Ива се лекувал од шизофренија и дека после тоа единствениот третман кој секојдневно го добивал бил за металоиди.
Лекарите тврдат дека учтиво се однесувал на одделението, како и дека е целосно запознаен со кривичната постапка. Тој го поминува времето во болница играјќи друштвени игри.
„Тој е пријателски расположен кон другите, постојано игра монопол и покер со нив“, вели еден од лекарите.
Додава и дека Ива со години не би можел да работи како болничар доколку навистина боледувал од шизофренија.
Лицата кои боледуваат од оваа болест не можат да вршат толку сериозна и одговорна работа“, рече докторката.
Судот го одложи рочиштето за 25 ноември кога треба да биде донесена конечната одлука.