ВестиПопуларно

Браќата дефинитиво во лоши односи: Вилијам и Хари посебно настапија на настан во чест на нивната покојна мајка

Принцот Вилијам и принцот Хари одвоено учествуваа на настанoт во четврток во чест на нивната мајка Дијана, принцезата од Велс

Вилијам, принцот од Велс, физички присуствуваше на церемонијата на наградите Diana Legacy во Лондон, каде што се очекуваше да одржи говор по повод 25-годишнината на добротворната организација, според Кенсингтонската палата.

За разлика од Вилијам, неговиот брат Хари не присуствуваше на церемонијата, барем не физички. Целта на Хари беше со видео повик да им се обрати на гостите на церемонијата, но само откако ке си отиде неговиот брат.

Иако двојката не соработуваше во кој било дел од церемонијата, појавувањето на двајцата сепак е еден од ретките прилики во кои двајцата учествувале на истиот настан откако Хари се откажа од кралските должности.

Појавувањето на Вилијам во меѓувреме доаѓа во време на жестоки шпекулации за статусот и состојбата на неговата жена Кејт, принцезата од Велс, кои се интензивираа откако Кенсингтонската палата објави семејна фотографија за која подоцна беше откриено дека е дигитално изменета.

Наградите на Diana Legacy се одржуваат секоја втора година и ги признаваат младите лидери во името на покојната мајка на Вилијам и Хари, Дијана.

Тие беа формирани две години по смртта на Дијана во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.

Се очекува Вилијам да се сретне со добитниците на наградата по настанот. Додека придонесот на Хари ќе биде направен виртуелно.