ВестиПопуларно

„Велеа дека е на домашно лекување, А ТОЈ ЛЕЖЕЛ МРТОВ ВО БОЛНИЦА“ – Се огласи сопругата на Андреј ДНК: „Лага е дека носеле пиротехника на настанот“

Сопругата на починатиот Андреј Ѓеорѓиевски, член на групата ДНК, побара во овие тешки моменти да се почитува нејзината приватност и приватноста на нејзиното семејство. Таа истакна дека е лажна информацијата дека бендот ДНК донел пиротехника на настапот.

Андреј Ѓеорѓиевски им подлегна на повредите здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани.

„Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност.

Таа објасни дека криминалистичката служба дошла на нејзината домашна адреса во потрага по нејзиниот сопруг.

Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив.

Во своето обраќање, таа ги повика сите да се воздржат од ширење дезинформации на социјалните мрежи и побара од државните институции темелна истрага за целиот трагичен настан.

Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи.

Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан.

Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност.

Покрај Андреј, животот во трагичниот пожар ги загубија и Сара Пројковска, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Стевановски и Александар Коларов.