Вести

Весна Бејби кај Стефан Лазаров: „Ја допирал и ѝ дал 500 денари за да молчи, двајца полицајци ме држеа за да не го задавам“

Весна Петрушевска пред два дена гостуваше во поткастот Стефан Лазаров, каде помеѓу другото зборуваше и за ќерката Мина која пред неколку години беше жртва на педофилија.

Актерката во интервјуто отворено зборуваше за немилиот настан, како се одвивал, како и за храброста на нејзината ќерка да ја каже вистината.

„Таа беше кај татко ѝ на викенд, инаку многу сакаше да вози точак и возела, саат и пол ја снемало. Тука се работеше само за допири, тоа било во гаража. Ѝ рекол само „утре пак ќе те барам“ и се претставил како Сашо, иако тоа не му беше името. Јас одма провалив сè. Ѝ дал 500 денари за да ќути“, вели Весна во поткастот.

Актерката додаде дека во моментот Мина имала само 11 години и од тој страв што да прави, веднаш кажала на брат ѝ.

„Кирил ми се јави, отидов да ја земам, тоа беше во Капиштец, и само ја седнав во кола и ја гледав дека цела беше лом направена. И викам „океј, сега ќе одиме во полиција. Јас точно знаев дека ѝ се случило тоа“.

„Јас летав по маси, мене ме држат двајца полицајци, јас ќе го задавев. Ти немаш тука контрола“, додаде актерката.

Сторителот доби 12 години затвор.

Целото интервју можете да го погледнете ТУКА!