ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Боки 13 кај Лазаров на поткаст си ја отвори душата: „Јас сум виновен за својата амбиција, но дека сум најголем криминалец меѓу толку криминалци…!“

После којзнае колку години отсуство, и неколку години минати во затвор, Бојан Јовановски или популарно Боки 13 гостуваше кај на поткаст кај Стефан Лазаров.

На поткастот Боки зборува за политика, за политичарите кои биле покрај него и на крајот му забиле нож во грб, кој што преговарал, кој што продал, за деновите во затвор и многу многу друго.

Лазаров неколку пати му кажа Боки дека што и да покаже или да каже е исклучиво на негова одговорност.