ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Дали е Македонија следна на удар? Стрешни сцени доаѓаат од Црна Гора! Има загинати, невремето го демолирало крајбрежјето, ветерот корне се пред себе

Ужасно невреме го погоди регионот, а на социјалните мрежи кружат драматични снимки од Црна Гора.

Како што пренесува Инстаграм страницата “192”, во Уљцин дувал оркански ветер со неверојатна моќ.

На плажата Јаз била забележана слична ситуација.

Во Бар и Шушањ паднала огромна количина на дожд, а ветерот носел се пред себе.

Има загинати

Работеник на кран на градилиштето Челебиќ во Чањ настрадал во невремето.

Исто така, едно лица настрадало од удар на гром во Луштица, соопштено од РТЦГ.

Силен дожд и оркански удари на ветар предпладне го погодија Бар.

Во пристаништето Бар паднале големи кранови. Според првите, неофицијални податоци од порталот “Бар Инфо”, Едно лице се здобило со полесни повреди. Од тоа претпријатие потврдиле дека штетата е огромна и дека подоцна ќе се огласат.

„Едно лице изгледа смртно настрада од удар на гром на голф терен во Луштица Беј“, соопштиле од “OKC’.

Потсетуваме, силното невреме по Словенија, Хрватска и Србија утрово пристигнало и во Црна Гора. Обилни дождови проследени со силен ветар корнеле дрвја и го забавиле сообраќајот.

„Наеднаш се стемни како да е ноќ. Потоа почнаа грмотевици, ветерот беше толку јак што корнеше кровови. По улиците има цигли. Невремето корнеше дрвја. Оштетено е дури и едно основно училиште“, рекол Предраг Бошковиќ од Никшиќ.

Поради обилните дождови на некои сообраќајници во Подгорица и на крајбрежјето водата се излеала на улиците.

„Дрвја паѓаа на еден од булеварите, сообраќајот е во колапс“, рекла Јелена Петровиќ од Подгорица.

Како што може да се види на снимките објавени на Инстаграм страната “podgoricki_vremeplov”, на плажите силниот ветер носел чадори и лежалки, а сообраќајот ширум земјата е заглавен.

Водата влегла и во некои подруми и станбени објекти.

Оштетени се и крововите на неколку станбени куќи и некои помошни објекти.

Центарот на Будва е под вода, а на улицата “22. ноември” има поток.

Невремето исто така не ја поштедило ни Подгорица, каде соборени гранки од дрвја го отежнуваат сообраќајот по целиот Булевар Свети ПЕтар Цетињски.

Во текот на вечерните часови се очекува врнежите во Црна Гора да ослабат.