ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Докторка се враќала дома пред Велигден после 36-часовна смена – Со автомобилот минала преку шуните: Не ни забележала дека се приближува воз, сè беше снимено од камера!

По она што следуваше, луѓето не престануваат да зборуваат за чудо.

Во грчкиот град Патра, непосредно пред Велигден, се случи неверојатна несреќа која ја потресе јавноста. Д-р Виви Лукопулу, по 36-часовна смена во болницата „Свети Андреј“, се враќала дома кога нејзиниот автомобил бил удрен од воз во полна брзина.

Несреќата се случила кога, исцрпена од долгата смена, д-р Лукопулу преминала преку спуштена рампа и влегла на шините токму во моментот кога се приближувал возот. И покрај обидот да забрза и да избегне судирот, не успеала. Сигурносните камери го забележале драматичниот момент на сударот. Автомобилот бил фрлен неколку метри од ударот, а пожарникарите морале да ја сечат олупината за да ја извлечат. И покрај тешките повреди, вклучувајќи скршеница на клучната коска и повреди на градниот кош и слезината, лекарите изјавиле дека д-р Лукопулу е надвор од животна опасност и се очекува целосно закрепнување.

„Не се сеќавам на ништо … Навистина. Добро сум и им благодарам на сите за поддршката и љубовта, особено на моите колеги кои веднаш дојдоа и се погрижија за мене“, изјавила д-р Лукопулу од болничката постела.

Нејзиниот сопруг, Јоргос, верува дека преживеала не поради среќа, туку поради виша сила. „Се враќаше од долга смена, преморена … Имаше неколку тешки случаи. Можеби се замислила, размислувајќи за пациентите и на момент ја изгубила концентрацијата … Возот, чудесно, околу 50 метри пред сударот ја намалил брзината, тоа ја спаси“, рекол тој.

Јоргос, покрај благодарноста, изразил и сериозна загриженост за безбедносниот пропуст на преминот. „Голем е проблемот што заштитната рампа не го покрива целиот коловоз, туку само една страна. Зошто не е сè затворено? Го поставив тоа прашање до надлежните“, додал тој, бидејќи ако рампата го покривала целиот премин, д-р Лукопулу немаше да може да влезе на шините.

Приказната за преживувањето на д-р Лукопулу стана симбол на надеж во деновите пред најголемиот христијански празник.