ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Илјадници километри од епицентарот – пешаците поклопени од вода што се излила од базен на врвот на зграда

Силен земјотрес, кој во петокот го погоди Мјанмар, беше почувствуван илјадници километри од епицентарот. Видео-снимка од кинеската провинција Јунан прикажува како водата од базен на врвот на зграда се излева врз минувачите на улица, како последица на потресот.

Катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала се почувствува во Тајланд, Кина и Индија.

Страв од голем број жртви

Спасувачките служби интензивно трагаат по преживеани, а постои стравување дека бројот на загинати ќе надмине неколку илјади.

Снимки што го прикажуваат интензитетот на земјотресот

На друштвените мрежи се шират снимки од моментите на потресот. Видео од град во провинцијата Јунан, Кина, покажува како големо количество вода од базенот на врвот на зграда паѓа врз минувачите, што јасно го демонстрира интензитетот на земјотресот, почувствуван илјадници километри од епицентарот во Мјанмар.