(Видео) Мислиш Џордан го виде…
Сите го знаеме статусот на Ким Јонг Ун во Северна Кореја. Како и неговите дедо и татко пред него, тој буквално има статус на божество меѓу своите сограѓани во Северна Кореја.
На Инстаграм ни се појави видео од (веројатно) изненадна посета на Ким на некој воен интернат, воена база, не не фаќајте за збор…
Дечково си го јадеше ручекот и си ја гледаше својата работа, кога пред него се појави Ким Јонг Ун. Неговата реакција не може да се изглуми. Се исправи, ја избриша устата и мислиме дека и малку се засркна. Ѕирнете и сами.