(ВИДЕО) Монструозна експлозија! Европа лансираше ракета, а потоа се налути: Сакаат да се борат против Русија и Америка?!
Експерименталната ракета “Spektrum”, која требаше да го означи почетокот на лансирањето на сателити од европско тло, се урна и експлодира само 40 секунди по полетувањето од Норвешкиот вселенски центар во Андоја.
Леталото, кое стои зад германскиот стартап “Isar Aerospace”, е претставено како прв европски обид да се постигне орбитален лет на растечкиот пазар на комерцијални вселенски мисии. Проектот беше поддржан од други европски земји, вклучително и Шведска и Велика Британија.
Иако лансирањето заврши неуспешно, компанијата вели дека тестот сепак бил вреден.
„Добивме обемни технички податоци кои ќе му помогнат на нашиот тим да ги подобри идните мисии“, велат од фирмата, истакнувајќи дека тие претходно предупредија дека првото лансирање може да биде ризично.
„Spektrum“ е дизајниран да носи мали и средни сателити до еден тон, но не превезувал никаков товар на денешниот лет, објави Ројтерс.