ВестиПопуларно

(Видео) Некој оставил куче на карпа во Неретва да умре, храбри дечки од Мостар го спасиле во последен момент

Завчера на Фејсбук групата „Сите што ги сакаат кучињата во Херцеговина“ беше објавено видео на кое се гледа прегладнето куче на карпите опкружено со надојдената Неретва.

Тие ги повикаа сите што можат да помогнат да направат нешто за да се спаси несреќното животно.

Вчера била организирана спасувачка акција и кучето сега е безбедно.

Во спасувачката акција учествувале четворица членови на интервентната спасувачка служба Мостар – ИСС Мостар. Во спасувачката акција учествувале Аднан Батлак, сопружниците Горан и Сања Митриќ и нивниот син Ведран.

Горан Митриќ и Аднан Батлак се доближиле до карпата со моторен чамец, додека Сања и Ведран Митриќ го обезбедиле брегот. Кучето радосно ги пречекало своите спасувачи со мавтање на опашката. Волонтерите го однеле женското ловечко куче на преглед во Ветеринарната станица Рудник, каде било констатирано дека нема чип, а поради долг престој на непристапен терен било неухрането.

„Членовите на ИСС Мостар го направија ова, како и многу други акции досега, на доброволна основа, а јавноста и властите уште еднаш се поканети да ги поддржат спасувачките служби во нашиот град и регион во рамките на нивните можности“, објави ISS Мостар.

Видеото можете да го погледнете ТУКА!