Вести

(ВИДЕО) Пожарникар по несреќа паднал во кома! 10 години го хранеле преку туба, а потоа се случило нешто неверојатно – лекарите останале без зборови!

Приказната за пожарникарот Доналд Херберт, чие будење од 10-годишна кома ги шокираше лекарите и го трогна светот, повторно е актуелна на социјалните мрежи.

Херберт, кој тогаш имал 34 години, се здобил со сериозна повреда при интервенција во американскиот град Бафало во декември 1995 година. Останал без кислород, поради што итно бил префрлен во болница, каде паднал во длабока кома.

Неговата сопруга Линда постојано беше покрај него и го молеше да не го напушта семејството. Во првите години на чекање, Доналд одеднаш се разбудил, но не можел да комуницира и да ги препознае најблиските, бидејќи го изгубил помнењето и паднал во состојба на минимална свест.

Како што минувале годините, семејството, соочено со мрачните прогнози на лекарите, морало да го смести во старечки дом, каде се хранел преку туба.

Меѓутоа, на 30 април 2005 година се случи вистинско чудо – Херберт се освести и првото прашање што го постави беше: „Каде е моето семејство?“.

Моментот во кој ги препознава синовите по гласот е снимен и шокиран дознава дека поминале десет години од несреќата.

Лекарите веруваа дека будењето е резултат на новиот коктел од лекови што ги земал за лекување на АДХД, депресија и Паркинсонова болест. За жал, и покрај ова чудесно закрепнување, Доналд Херберт почина на 21 февруари 2006 година, по уште една повреда на мозокот.

Оваа приказна, полна со тага, љубов и надеж, продолжува да привлекува внимание и да не потсетува на силата на семејната поддршка и издржливоста наспроти неволјите.