ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Пожар во тетовско, засега нема опасност од ширење: На екоцидот му нема крај!

Голем црн облак од чад се издига на отворено долж патот Желино-Сириќино, во општина Желино, откако околу пладне се запалил отпад на кој биле складирани голем број стари автомобилски гуми.

„ТППЕ Тетово интервенира на запалени гуми спроти фабрика Киел во село Желино кај подвозникот кон село Сиричино. Гаснењето е отежнато поради големата количина на автомобилски гуми. Нема опасност пожарот да зафати соседни објекти и се очекува целосно да биде изгаснат за максимум два часа“, соопштуваат од ЦУК.

„Денеска во 12:20 часот во СВР Тетово пријавено е дека на отворен простор во близина на фабрика во тетовско Желино била запалена и горела поголема количина на стари гуми. Веднаш се испратени полициски службеници од полициското одделение Групчин, како и екипи од тетовската Територијална противпожарна единица кои интензивно се ангажираат за локализирање на пожарот“, велат од СВР Тетово, пренесува “360 степени“.