ВестиПопуларно

(Видео) Полицајци претепале вработен во обезбедување во кумановско казино

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П, полициски службеник, поради сомнение за сторено кривично дело насилство. Поднесена е кривична пријава и против Н.Д, исто така полицаец.

На 04.11.2023 во казино во Куманово, пријавениот Д.П. физички нападнал лице вработено како обезбедување во казиното и агресивно се однесувал кон полициски службеници од Полициската станица Куманово, кои извршувале службени дејствија. Н.Д., кој бил заедно со Д.П., го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон обезбедувањето.

Против двајцата е поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР. За Д.П. изречена е мерка за отстранување од работното место.

При интервенцијата, Д.К. и Ф.М., двајцата полициски службеници од Полициската станица Куманово, не ги преземале сите потребни службени дејствија против лице од обезбедувањето во казиното и не изготвиле поднесок против него, па и против нив е поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.