(ВИДЕО) Поранешен агент на ЦИА открива „шпионски трик“ кој ќе ви го промени животот на подобро
Можеби го познавате Лекс Фридман, сте налетале на него на интернет, или пак ги гледате неговите поткасти. Можеби сте слушнале и за Ендру Бустаманте, поранешен агент на ЦИА, кој му бил гостин на поткастот.
Не знаеме колку е старо или ново ова видео, но поранешниот агент на ЦИА има интересна порака за сите.
Фридман му го поставува прашањето: „Кој е тој еден шпионски трик кој ќе го споделиш и кој веднаш ќе им помогне на луѓето да го променат својот живот“?
Бустаманте вели:
„Мојот одговор на ова прашање не се менуваше многу низ последните години. Најважниот шпионски трик за да промениш се веднаш, е нешто наречено перцепција против перспектива“, вели тој, па елаборира:
„Сите го гледаме светот преку нашата перцепција. Татко ми мѝ велеше дека перцепцијата е реалноста, а јас се расправав со него уште на 14 години. Но, перцепцијата е твојот поглед на светот околу тебе. И само на тебе ти е единствена. Нема напредок во твојата перцепција, затоа многу луѓе се расправаат цело време, обидувајќи се да ги убедат другите луѓе во својата перцепција“, вели тој и додава:
„Ако сакаш да победиш во која било расправа, да одиш напред со својата кариера, да се продадеш подобро или да ги претркаш сите, мораш да излезеш од перцепцијата и да влезеш во перспективата. Перспектива е уметноста на гледањето на светот надвор од себе, без разлика дали само ги гледаш работите од друга гледна точка, или уште помоќно, влегуваш во чевлите на човекот спроти тебе и се прашуваш – каков е нејзиниот живот, како се чувствуваат тие сега“, заклучува тој.