(ВИДЕО) Страотна сообраќајка во Куманово, загина 15-годишно дете
На магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа со трагичен крај.
Еден малолетник загинал, а друг се здобил со тешки телесни повреди во несреќата во која учествувало возило „BNW” со албански национални ознаки и мотоцикл ,,Yamaha”.
„Вчера околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ управувано од малолетник од Куманово. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16-годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово“, информираат од полицијата.