ВестиПопуларно

(Видео) Терористите одговорни за нападот во Москва признаваат дека имаат врски со Украина

Терористите од Москва признаа вмешаност на Украина во нивната операција во Крокус, и воедно го именуваа и координаторот на нападите

На терористите им било наложено да се упатат кон Киев каде што имало расчистео минско поле во близина на руската граница за да влезат во Украина. По влегувањето во Украина им била ветена компензација од 11.000 долари за нивната вмешаност во нападот.

Како што објавува Руски Тасс, еден од обвинетите за нападот во Москва го именувал координаторот на нападот. Според него, тој контактирал со човек наречен Саифуло кој им ветил на секој од нив по 1 милион рубли.

https://twitter.com/MarioNawfal/status/1777075163638411699

„Саифуло ни рече да одиме во Украина, во Киев. И дека таму ќе ни даде еден милион рубљи“, рече еден од обвинетите за време на сослушувањето. Други обвинети зборуваа за наводната помош што им била ветена при преминувањето на украинската граница.

„Саифуло рече дека на украинската граница ќе не чекаат момци кои ќе ни помогнат да ја поминеме границата и да стигнеме до Киев. Ни рече: „Јавите ми се, па ќе ви кажам што да правите“, сведочеше обвинетиот. Според последните податоци, во терористичкиот напад загинале 144 лица, а 551 се повредени.

До сега се уапсени 11 лица за нападот во Москва и како што кажуваат русите, пронашле директен доказ кој го поврзува наподот со Украина.