ВестиПопуларно

(ВИДЕО/ФОТО) Атина ја зафати африканска прашина, еве како изгледа грчката престолнина

Неверојатни сцена од Грција ги шокираа не само граѓаните на Атина, туку и сите корисници на „Фејсбук“ каде што беше објавена фотографијата од „африканската прашина“. Имено, извесен маж забележал необична сцена, небото е целосно портокалово, а од прашината е создадена магла од која речиси ништо не се гледа.

„Африканска прашина, не е филтер! Блејд Ранер во Атина! Вака би изгледала Атина на Марс“, се вели во објавата на „Фејсбук“.

Таканаречената „африканска прашина“ не е само необична појава во воздухот, туку и многу штетна за здравјето.

Експертите во Грција предупредиле дека африканската прашина, која влијае на атмосферата, е токсична и штетна по здравјето на луѓето.

Африканската прашина содржи ситни честички кои се комбинираат со полен, бактерии и габи, создавајќи токсична смеса која е штетна за здравјето на луѓето, особено за респираторниот систем.