ВестиПопуларно

Вода во Скопје, сепак, ќе има! Некој неовластено на страната напишал дека ќе има прекин, од Водовод не знаат кој е

И покрај вчерашните најави кои ги “потресоа” Скопјани дека ќе има прекин во водоснабдувањето, сепак, во главниот град денеска ќе има вода.

Вчера доцна навечер од ЈП Водовод и канализација испратија соопштеиние дека Скопје редовно ќе се снабдува со вода, и дека некој без овластување објавил грешна информација на нивната страна.

„За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие ‘Водовод и канализација‘ ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на Скопје“, се вели во соопштението на „Водовод и канализација“.