(Вознемирувачка содржина) Американски војник се запали сам себе пред израелската амбасада во Вашингтон
Арон Бушнел, 25 годишен член на американската војска, вчера пред израелската амбасада и само-запали викајќи “Слобода за Палестина”
Во видеото, Бушнел објаснува: “Не сакам да биде дел од геноцид. Се спремам да започнам екстремен протест, но во споредба со тоа што го преживуваат во Палестина, ова не е ништо” по што ја спушта камерата, и го започнува “протестот” како што кажува тој. Погледнете го видеото подолу.
Последните зборови на Бушнел додека гори се “Слобода за Палестина”. Околината брзо го приметува и со противпожарен апарат го прекинува оганот. Но како што дознава отпосле, изгорениците биле пресериозни за да војникот преживее.
Откако се случи ова, Мосад имаше доста мрачен одговор на целата ситуација, кој беше веднаш избришан. На него имаше слика од Бушнел со коментар „Нашите непријатели почнаа да се самоубиваат!“ што е доста интересен коментар со оглед на количината на пари која Американците ја пратија на Израел.