ВестиПопуларно

Вознемирувачко видео! Камерите го снимиле убиството на убавата Теодора: Поранешното момче ѝ пукаше во стомакот додека ги држеше децата за рака

На снимките јасно се гледа како напаѓачот ѝ се прикрадува на Теодора од зад грб.

Теодора Марчу (23), поранешна учесничка во реалното шоу „Остров на љубовта“, беше убиена во саботата навечер од нејзиното поранешно момче на улица во елитното населба Козмополис, во општина Штефенешти де Жос, околината на Букурешт, Романија.

Младата жена, која била во 24-та недела од бременоста, беше ладнокрвно убиена пред очите на децата што ги држеше за рака.

Полицијата сега се обидува да го реконструира нападот преку надзорните камери од околината. На снимките, објавени од „Антена Обсерватор“, се гледа како маж ѝ се приближува од зад грб.

Осомничен – поранешното момче

Главен осомничен е нејзиниот поранешен партнер. Во моментот на нападот, Теодора била во друштво на повеќе деца и една пријателка. Неколку секунди пред пукањето, напаѓачот фрла некој предмет во грмушките – најверојатно кутија или торбичка во која го криел пиштолот калибар 9 мм. Потоа ѝ се приближува и ѝ пука во градите од мала оддалеченост. Кога таа паѓа, тој испукува уште два истрела, од кои еден ја погодува во стомакот.

Иако полицијата и брзата помош стигнале брзо на местото на настанот и Теодора веднаш била пренесена во болница, лекарите не успеале да ѝ го спасат животот. Таа била прогласена за почината кратко по нападот.

Напаѓачот побегнал веднаш по нападот

Според извори блиски до истрагата, нападот бил однапред планиран. Во последната објава на „Фејсбук“, напаѓачот напишал: „Тоа е само прашање на време“. Исто така, на социјалните мрежи објавувал и други вознемирувачки пораки:

„Жените се два видови – божји леб и ѓаволска проја“;

„Несреќата е задолжителна во животот на човекот за да ја цени среќата“;

„Човекот се прави скромен, а очите му ловат богатство“ – се само дел од неговите последни објави.

Полицијата ја продолжува истрагата за целосно расветлување на околностите од убиството.

Снимката е исклучително вознемирувачка и на сопствена одговорност можете да ја погледнете ТУКА!