(Во живо) Хорор сцени на Исланд! Тече лава по улиците, луѓето се евакуираат
На полуостровот Рејкјанес на Исланд еруптираше вулкан, исфрлајќи лава. Ова ги натера локалните жители да се евакуираат, а прогласена е вонредна состојба.
Станува збор за најсилна ерупција од декември.
Овој вулкан последен пат еруптираше на почетокот на февруари при што лавата уништуваше патишта и цевководи.
Исланд е сеизмичко и вулканско жариште, а тамошните власти градат насипи за да ги пренасочат тековите на лава.