“Глечерот на судниот ден” – Твајтс, се топи со рапидна брзина
Глечерот Твајтс на западен Антарктик е најширокиот во светот и приближно со големина на Флорида. Тој го носи надимакот “Глечерот на судниот ден” бидејки ако се стопи, ке сноси катастрофални последици за нивото на водата во светот. Научниците знаеја дека мразот го губи со забрзано темпо од 1970-тите, но бидејќи сателитските податоци се враќаат само неколку децении наназад, тие не знаеле точно кога започнало значителното топење.
Најновите студии тврдат дека ја имаат причината за топењето на глечерот. Со анализа на јадрата на морските седименти извлечени од под океанското дно, истражувачите открија дека глечерот почнал значително да се повлекува во 1940-тите, најверојатно започнат од многу силен настан “Ел Нињо” како што го викаат наулчнциите. Ел Нињо претставува природна климатска флуктуација која има тенденција да има влијание на затоплување.
Оттогаш, глечерот не може да се опорави, што може да го одрази зголеменото влијание на глобалното затоплување предизвикано од човекот, се вели во извештајот.
Според овие информации, тие веруваат дека повлекувањето на Твајтс било предизвикано од екстремниот Ел Нињо што се случил во време кога глечерот веројатно веќе бил во фаза на топење, со што се симнал од рамнотежа. „Тоа е нешто како ако ве клоцаат кога веќе сте болни, тоа ќе има многу поголемо влијание“.
Тед Скамбос, глациолог од Универзитетот во Колорадо Болдер, кој не бил вклучен во истражувањето, изјави дека студијата потврдува и додава детали за нашето разбирање за тоа како започна повлекувањето на Твајтс.
Она што ќе се случи со Твајтс ќе има глобален ефект. Глечерот веќе придонесува за 4% од зголемувањето на нивото на морето бидејќи фрла милијарди тони мраз годишно во океанот. Нејзиниот целосен колапс би можел да го подигне нивото на морето за повеќе од 2 метри.