Големо предупредување од Трамп: Тоа е монструм кој може да доведе до крај на светот
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нуклеарното оружје е „монструм“ кој може да го доведе светот до неговиот крај, предупредувајќи уште еднаш на опасноста од залихите на атомско оружје, пренесуваат денеска американските медиуми.
Трамп ова го изјави во интервју за Fox News, два дена откако рече дека би било одлично доколку светот се ослободи од нуклеарното оружје.
„Најлошото е што различни земји седат врз залихи на нешто што се нарекува атомско оружје, а всушност тоа е огромен монструм кој може да ви ја разнесе главата“, изјави американскиот лидер.

Тој додаде дека е разочаран од фактот што САД издвојуваат огромни финансиски средства за нешто толку уништувачко, кое може да предизвика незамисливи разорувања.

Москва одговара на повикот за намалување на нуклеарното вооружување
На повикот на Трамп за намалување на нуклеарното вооружување, реагираше Москва, истакнувајќи дека е отворена за дијалог со САД за прашањата поврзани со нуклеарните арсенали.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека разговорите меѓу Русија и САД за контрола на вооружувањето се неопходни, особено во контекст на стратешката стабилност.
Песков исто така се согласи со изјавата на американскиот државен секретар Марк Рубио, кој нагласи дека конфликтот во Украина е прокси-војна меѓу две нуклеарни сили, кој западнал во ќорсокак и мора да биде завршен.