ВестиПопуларно

„Девојките ГИ НАМАМУВААТ, а потоа од нив бараат УЖАСНИ РАБОТИ“ – Забавите во Дубаи каде богаташи садистички се изживуваат врз жени се закана што трае со години: Се сомневаат дека така ѝ го СКРШИЛЕ р’бетот на Марија

Загриженоста за таканаречените „porta potty“ забави расте по трагичниот случај на украинскиот OnlyFans модел Марија Ковачук (20), која беше пронајдена тешко повредена покрај пат во Дубаи.

Осумдневно исчезнување, шокантна приказна

Марија на своите пријатели им кажала дека на 9 март била поканета на забава во хотел. Потоа исчезнала на осум дена, а десет дена подоцна била пронајдена во тешка состојба, со скршена кичма и екстремитети.

Според британскиот „Mirror“, се верува дека таа присуствувала на „porta potty“ забава – настани каде инфлуенсерки се богато платени за да учествуваат во екстремно деградирачки сексуални чинови, вклучително и оние поврзани со дефекација.

Што се случува на овие забави?

Гласини за овие забави кружат со години, особено на Reddit, каде се тврди дека инфлуенсерките потпишуваат договори за доверливост пред да учествуваат. Според „New York Post“, жени – инфлуенсерки, модели и актерки – можат да заработат и до 100.000 долари за присуство на овие настани.

Украинските медиуми известуваат дека Марија отишла на забавата со двајца мажи, кои се претставиле како претставници на модната индустрија. Оттогаш ѝ се губи секаква трага.

Како девојките се намамуваат на овие забави?

Радха Стерлинг, директорка на организацијата „Detained in Dubai“, која помага на странци со правни проблеми во ОАЕ, објаснува:

„Добиени се повеќе пријави од инфлуенсерки и уметници кои биле поканети во Дубаи на настани и настапи, но потоа биле намамени на забави каде се очекувало да учествуваат во сексуални активности.“

Таа додава дека иако законот за вонбрачни сексуални односи во ОАЕ е ублажен од 2022 година, некои луѓе ја користат оваа промена за лична корист, доведувајќи жени во опасни ситуации, па дури и ризикуваат да бидат обвинети за прељуба ако имаат односи со оженет маж.

Полицијата тврди нешто друго

По пронаоѓањето на тешко повредената Марија, нејзината мајка Ана Ковачук пристигнала во Дубаи од Норвешка за да биде покрај ќерка си.

„Добива медицинска нега и ќе биде добро,“ изјави Ана.

Полицијата во Дубаи објави дека Украинката била пронајдена во болница под лекарски надзор и во присуство на семејството. Според истрагата, таа паднала од висина откако сама влегла на градилиште.

Но, нејзиното семејство не верува во оваа верзија.

Контроверзии и сомнежи

Рускиот портал „Shot“ објави дека најблиските на Марија не веруваат во официјалната приказна и ја сметаат за лажна.

Мајка ѝ кусо одговорила: „Не можам да коментирам поради истрагата.“

Друг руски медиум, „VČK-OGPU“, известува дека пред исчезнувањето, Марија била во неразбирлива хистерија. На пријателите им кажала дека ноќта ќе ја помине со двајца мажи од модната индустрија, но потоа исчезнала.

Таа требала на 11 март да лета за Тајланд, но не се појавила на аеродромот, по што пријателите и семејството алармирале полиција.

Мајка ѝ претходно изјавила:

„Се претпоставува дека отишла на забава. Но, организаторот на тие забави тврди дека не ја видел. Потоа беше пронајдена во болница во сериозна состојба.“

Марија немала документи, телефон – ништо. Подложена е на четири операции и не може да зборува.

Случај што отвора многу прашања

Нејзината пријателка, руската манекенка Ангелина Дорошенкова (31), која била со неа во Дубаи, тврди дека и самата била поканета на истата забава на 9 март, но неколку дена порано заминала за Русија.

„Сите се надеваме на најдоброто и сме благодарни на сите што помогнаа во потрагата и споделувањето на информации.“

Случајот на Марија Ковачук е само еден од многуте што го вади на површина мрачниот свет на луксузните забави во Дубаи, кои се рекламираат како „ексклузивни“, но зад нив стои загрижувачка реалност.