Драма над Балтикот: Два инциденти на руски и италијански авиони во рок од 24 часа
Италијански воени авиони двапати пресретнале руски авиони над Балтичкото Море во последните 24 часа, изјавија вчера италијански извори за Анса.
Во текот на 24 часа, авиони на италијанското воено воздухопловство „Еурофајтер“ распоредени во оперативната група на 4-то крило, кои оперираат во полската база во Малборк, извршија двојно пресретнување на руски авион во Балтичкото Море.
Предупредување од командниот центар на НАТО, со седиште во Германија, најпрво беше лансирано во четвртокот и повторно во петок наутро за неидентификуван авион кој летал над меѓународните води во Балтичкото Море.
Откако беа идентификувани авионите, италијанскиот воен авион Ф-2000 се врати во базата во Малборк.