Емотивна средба по две децении: Девојче ги пронајде своите биолошки родители и го расплака светот!
Алиса (23), посвоена на три години заедно со нејзината помлада сестра Камила, го оствари својот најголем сон – ги пронашла своите биолошки родители по две децении.
Нејзината емотивна приказна, полна со надеж и љубов, стана вирална на социјалните мрежи и трогна илјадници луѓе ширум светот.
Нејзината биолошка мајка, која сега живее во Еквадор, го изгубила старателството над Алиса и нејзината сестра додека живеела во Италија и се борела со големи животни предизвици. Сепак, таа не се откажала од потрагата по нив.
Преку Фејсбук и со заедничката желба за повторно обединување, Алиса и нејзината мајка успеаја да стапат во контакт.
Но, тоа не е се – Алиса дознала и дека нејзиниот биолошки татко е од Полска и дека наскоро ќе отпатува за лично да го запознае.

„Отсекогаш знаев дека сум посвоена“, вели Алиса.
„Кога имав десет години, ја замолив мојата посвоена мајка да ми помогне да ја најдам мојата биолошка мајка. Таа секогаш ме поддржуваше и ми рече: „Ако тоа ќе ти донесе среќа и одговорите што ги бараш, јас сум со тебе“.
Алиса користела социјални медиуми и платформи за да ги поврзе посвоените деца со нивните биолошки родители. Кога дознала дека нејзината мајка оставила апел на истата страница, локален новинар помогнал да се поврзат, што довело до нивниот прв разговор.
„Кога и реков: „Јас сум Алиса“, таа веднаш ми се јави. Таа ми кажа сè низ што поминала и објасни како очајнички се обидувала да не задржи и да не најде. Беше многу млада и даваше се од себе, но судските одлуки беа против неа“, открива Алиса.
Мајка и ја поврзала со татко и кој не можел да ги скрие емоциите.

„Кога првпат го слушнав, тој плачеше и рече дека мислел дека никогаш повеќе нема да доживее да ме држи во раце“.
„Баравме со години и таа неизвесност предизвика болка кај мене, кај мајка ми и моето посвоено семејство. „Дознав дека имам уште двајца браќа, баби и дедовци и братучеди и сите плачеа од радост кога ме слушнаа“, вели Алиса.
„Ако ги барате вашите биолошки родители, го разбирам вашиот страв и сомнежи, но секогаш има надеж. Знаејќи дека не само што ме сакаа, туку и ме бараа сите овие години ми донесе неизмерна среќа“, заклучува таа.
Оваа трогателна приказна за семејството, љубовта и истрајноста не потсетува на тоа колку се непроценливи врските меѓу луѓето. Приказната на Алиса им дава надеж на сите оние кои ги бараат своите корени, со порака дека никогаш не треба да се откажете од своите соништа.
Серија земјотреси што деновиве го погодија Санторини и околните грчки острови предизвикаа одрони на една од најпознатите плажи – Црвената
Малкумина знаат дека ова растение може да цвета, а неговите цветови се симбол на убавина и изобилство. Красула, позната и
Астронаутот Чарлс Дјук, член на мисијата „Аполо 16“, оставил семејна фотографија на Месечината за време на својата мисија во 1972
Европската унија сè уште планира да ја забрани продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување (ICE) почнувајќи од
Ако барате брза и вкусна идеја за закуска, солените кифлички се се што ви треба! Се подготвува за еден час,
Администрацијата на Доналд Трамп и претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, во понеделникот објавија дека постигнале договор со кој им