Ендру и Тристан Тејт повторно уапсени во Романија
Откако неодамна беа пуштени на слобода, браќата Тејт повторно почнаа отворено да разговараат за светот. За жал тоа не траеше долго откако беа уапсени во Букурешт по барање на Велика Британија
Како што пренесуваат медиумите, обвинувањата за коишто браќата биле уапсени датираат од 2012 до 2015 и се во врска со сексуална агресија.
Она што е интересно е што тие беа уапсени на истиот ден на кој што беа уапсени претходната година, односно првиот ден откако започна Рамадан.
Големиот број на обожаватели шпекулираа за причината за апсењето овој пат.
Некој сметаат дека тоа се случило откако почнаа да се зборуваат за Газа и да ги поддржуваат палестинците. Други сепак сметаат дека нивното покривање на Оскарите (вчера) беше премногу директно за тие да останат за слобода. Имено, браќата инсистираа дека за да се успее во Холивуд, “се стига до ѕид на хомосексуалност каде што или ќе ја прифатиш и ќе го поминеш ѕидот и ќе станеш успешен, или ќе ја одбиеш и ќе те пратат во затвор.”
Како што изјавија браќата Тејт на нивниот поткаст, на нив им биле понудени 50 милиони долари за да го поддржат Израел и да зборуваат во полза на LGBTQ+ заедницата.
Исто така кажаа дека што се прифатат условите на елитата, потребно да се помине низ „Ритуал на понижување“, односно личноста да биде понижена во очите на светот. Тие специфично асоцираа на Џон Сина, откако екс кечерот даваше оскар на сцената на оскарите гол.
Тристан и Ендру Тејт веднаш се прогласиа за невини за сите обвинувања.