ВестиПопуларно

Запознајте го Најиб Букеле, човекот што го стави Ел Салвадор на мапа

Откако дојде на власт Букеле како Претседателот на Ел Салвададор, донесе екстремни промени во државата кои имаа инстантен ефект и веќе Ел Салвадор. Тој официјализираше крипто плаќања со биткоин, го максимизираше користењето на социјалните мрежи, и пред се застана силно против криминалот кој владееше во Ел Салвадор.

На Букеле му беше јасно дека за да води држава, треба прво да го тргне криминалот. Откако доби 85 отсто од гласовите на јавноста, тој има уапсено 80.000 криминалци. Воведе казна од 20 години доколку сте член на банда, и се спрема да изгради нов затвор во Ел Савадор кои ке може да вдоми додатни 40.000 затвореници.

Но со Букеле не е се така “строго”, туку и знае како да ги добие симпатиите од јавноста. Тој двои време да ги сослуша граѓаните по што има ситуации каде што директно влијае.

Една таква ситуаицја се случи неодамна откако од затвор ослободи осомничено лице на банда само поради тоа што син му го замолил. Во прашање е фудбалерот Марсел Ел Чаки Диаз чиј татко ненајдено се нашол во банда.

Букеле не е првиот претседател на Ел Салвадор кој преговарал со банди, но кога медиумите објавија дека владата не само што преговарала, туку и давала бенефиции на водачите на бандите во замена за помал криминал, Букеле застана остро против тоа.



Истражувачките новинари и американските служби, како што пишува „Њујоркер“, документирале дека власта на водачите на бандите им давала пари, помилувала и ги штитела од екстрадиција во замена за поддршка на изборите и прекин на ликвидациите.

Слични мерки сега презема и еквадорскиот претседател Даниел Нобоа, во Аргентина тоа го соопшти министерката за безбедност Патриша Булрих. Букеле неодамна понуди помош за Хаити, кој исто така има големи проблеми со насилството од бандите.

Пред Букеле, бандите контролираа голем дел од земјата, а стапката на убиства своевремено беше највисока во светот.

Денес, можете удобно да излезете навечер без ризик да бидете киднапирани или нападнати. Родителите и децата повторно се шетаат низ центарот на главниот град Сан Салвадор. Од пропадната држава, Букеле го претвори Ел Салвадор во модел за другите.