Започнува лов на руските подморници: Британската морнарица лансира тајно оружје со вештачка интелигенција за патролирање на крајбрежјата
Британската морнарица се подготвува да распореди стотици подводни дронови управувани со вештачка интелигенција, со цел да ги открива руските подморници и да ја заштити критичната поморска инфраструктура, објави британскиот весник Express.
Според написот, оваа флота од подводни автономни уреди, опремени со напредна AI технологија, ќе има задача да лови руски подморници во близина на британските води.
Овие автономни мини-подморници, наречени „ловци“, ќе можат да останат под вода со месеци, користејќи вештачка интелигенција за да слушаат, откриваат и идентификуваат подводни пловила.

Дроновите, односно „едрилици“, се дел од нов систем наречен Lura, чија цел е – како што се наведува – „осветлување“ на океаните и поедноставување на ловот на подморници.
Системот Lura може да направи разлика помеѓу два брода од иста класа, благодарение на специфичните акустични потписи на секое пловило. Развиен е од европската одбранбена компанија Helsing, а се базира на констелација од подводни сензори кои собираат и анализираат податоци за звукот наместо луѓе, што значително го забрзува времето на реакција.

Гундберт Шерф, коосновач на Helsing, изјавил за медиумите:
„Lura детектира, за нашите морнарици да можат да одвратат. Мораме да ги искористиме новите технологии за следење на заканите кон нашата критична инфраструктура, територијални води и начин на живот.“
Тој додаде:
„Распоредувањето вештачка интелигенција во подводниот домен ќе ги осветли океаните и ќе ги одврати нашите противници.“
Системот Lura е наменет за користење на подводни едрилици од типот SG-1 Fathom, кои првично биле развиени за набљудување на китови и проучување на подводната средина.