ВестиПопуларно

За прв пат од почетокот на војната, Путин ќе патува во држава членка на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин ќе оди на посета во Турција, каде со Ердоган ќе разговара со нови механизми за извоз на украинското жито.

Ова ќе биде прво патување на рускиот лидер во земја членка на НАТО по инвазијата на Украина во февруари 2022 година, а се очекува да се случи на 12-ти јануари.

„Има напори да се изнајдат „нови начини“ за транспорт на украинското жито на светските пазари, како и да се „конкретизира“ таа можност’, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Од Киев велат дека се водат разговори за заживување на договорот, додека Москва оценува дека нема изгледи за негово повторно воспоставување.

Russian President Vladimir Putin and Turkish President Tayyip Erdogan attend a meeting in Sochi, Russia, September 4, 2023. Sputnik/Sergei Guneev/Pool via REUTERS/File Photo