„Злато мое, ќе те најде тато“! Се огласи таткото на 2-годишната Данка Илиќ за прв пат, неговите зборови “бодат во срце”
Со овие зборови првпат се огласил Милош Илиќ, татко на исчезнатото девојче Данка Илиќ, откако трае потрагата по неговата ќерка на социјалните мрежи.
„Злато мое, ќе те најде тато. Свету мој мал“, гласи пораката на Фејсбук.
Според зборовите на соседите и полицајците кои учествуваат во потрагата и истрагата, веста за исчезнувањето на детето најдраматично ја примил таткото на малата Данка, поради него вчера доаѓала и Итнат апомош со оглед на тоа дека му се слошило од стрес.
Потрагата по Данка траела цела ноќ, во текот на која температурата во Бор и околината паднала на само 6 степени Целзиусови, додека дождот за момент сопрел. Припадниците на Горската служба за спасување објасниле дека тоа во нормални околности се добри услови за потрага, но дека секоја минута е важна бидејќи сепак станува збор за 2-годишно девојче.

Хеликоптерите вчера, заедно со дронови, летале и покрај темницата и го пребарувале теренот со термовизиски камери. Над местото на исчезнување на Данка Илиќ се наоѓа пат кон шумата која не е густа, но во која има многу густи растенија.
Потсетуваме, исчезнатата Данка Илиќ исчезна во вторникот во околу 13 часот во приградската населба Бањско поле кај градот Бор. Потрагата по девојчето и натаму трае, а како што навеле од полицијата, акцијата траела цела ноќ.

Имено, како што изјавила за “Blic” мајката на девојчето, таа била со синот во Бањско поле кога девојчето исчезнало.
„Детето на себе имаше розови панталони и маслинесто зелена јакна, врзана коса. Се одзива на името, но се уште е мала, таа не зборува. Се јавија луѓе дека е видена кај некоја зграда, но не е тука“, рекла исплашената мајка на девојчето во првата изјава.