Знаете ли кои се? Само тројца во светов можат да патуваат без пасош
За да патувате во странство, мора да имате пасош, а тоа важи повеќе од 8 милијарди луѓе. Но, има три лица за кои ова правило не важи, односно не им треба пасош за патување.
Станува збор за кралот Чарлс III од Обединетото Кралство, императорот Нарухито од Јапонија и царицата Масако. Пред кралот Чарлс III да ја добие таа привилегија, таа ја имаше кралицата Елизабета Втора, која Чарлс ја наследи на тронот откако најдолговечната британска кралица почина на 8 септември 2022 година.
Ова правило важи само за кралот или кралицата на Велика Британија, а не и за другите членови на кралското семејство.
Што се однесува до Јапонија, на 10 мај 1971 година, јапонското министерство издаде документ во кој се наведува дека би било крајно несоодветно да се издава пасош за цар или царица, пишува “CNBC”.
Во документот, исто така, се додава дека би било крајно несоодветно за царот да се подложи на процедури за имиграција или виза користејќи пасош како обичен граѓанин.
Кога ќе пристигнат во која било земја, од царот и царицата на Јапонија се бара само да покажат документ од локалното министерство, кое ја известува земјата однапред за нивното пристигнување. Во случајот со кралот Чарлс Трети, таа должност му беше доверена на неговиот личен секретар.