Израел бомбардира и за Рамазан
Израел ја нападна Газа во среда, кога муслиманите го одбележаа крајот на светиот месец Рамазан и откако американскиот претседател Џо Бајден го нарече пристапот на Израел кон војната „грешка“.
Палестинците се собраа на утринска молитва на првиот ден од Рамазан Бајрам среде урнатините на Газа, која е опустошена од повеќе од шест месеци војна.
Десетици илјади луѓе се собраа и во комплексот на џамијата Ал Акса во источен Ерусалим, кој беше анектиран од Израел. Еден од верниците, медицинската сестра Раван Абд, рече дека тоа е секако најтажниот Бајрам.
“Ова е најтажниот Бајрам досега, можеше да се види тагата на лицата на луѓето. Обично доаѓаме во Ал Акса да славиме, оваа година дојдовме само за да се поддржиме” изјавила 32-годишната жена на ова трето најсвето место во исламот, кое Евреите го нарекуваат и планината на храмот.
Израелските сили ги продолжија воените операции и воздушните напади врз Газа еден ден откако премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека нема да отстапи во кампањата за уништување на Хамас и враќање на заложниците дома.
Нетанјаху инсистира дека „ниту една сила во светот“ нема да ги спречи израелските војници да влезат во градот Рафа на југот од Газа, кој е преполн со раселени Палестинци