Израел одлучи да ја затвора “Ал Џезира” за ширење на дезинформации
Одлуката бепе донесена по интензивните дискусии на политичарите во израелскиот парламент во кои тие ја обвинија Ал Џезира за ширење дезинформации и антисемитска пропаганда.
Во април, беше донесена забран на Ал Џезира да емитува од Израел, а Нетанјаху го нарече „терористички канал“.
Ал Џезира даде изјава откако дозна за одлуката на Нетанјаху, нарекувајќи го потегот измамнички.
„Владата на Нетанјаху одлучи, во чекор што изврши измама и клевета, да ја ратификува наредбата за затворање на канцелариите на Ал Џезира во Израел.” почна изјавата.
“Иронично е што окупаторската влада ги затвори канцелариите на Ал Џезира на Светскиот ден на слободата на медиумите. Го осудуваме овој израелски криминален чин кој ги повредува човековите права за пристап до информации.”
“Потврдуваме дека ќе ги преземеме сите средства пред меѓународните и правните организации за да ги заштитиме нашите права” – изјавија од Ал Џезира
По изјавата Израелското Министерство за комуникации ја конфискуваше опремата за емитување и други предмети од канцелариите на Ал Џезира по забраната.
Во меѓувреме, Здружението за граѓански права побара од Високиот суд да издаде привремена наредба против затворањето на мрежата.