ВестиПопуларно

Инфлуенсери ја дрогирале, групно ја силувале и ја заробиле! Лицето и е прекриено со модринки: „Тоа е тоа! Го заслужи ова“

Тинејџерката инфлуенсерка тврди дека била дрогирана, силувана и претепана од колеги инфлуенсери.

Тинејџерска инфлуенсерка бара правда на суд во Бразил откако, како што вели, ја дрогирале, силувале и претепале колеги инфлуенсери. Џована Понтес тврди дека групата ја повикала на забава, а потоа ја нападнале.

19-годишната Понтес на 29-ти февруари на социјалните мрежи, каде ја следат речиси 250.000 луѓе, споделила фотографии на кои се гледаат повреди настанати во текот на нападот за кои обвинила други инфлуенсери. За нападот обвинила и пријател кој исто така бил повикан на забавата организирана на фарма.

Покрај фотографиите на кои лицето и прекриено со модринки и посекотини, напишала “Justicia” или во превод “Правда”. Нејзината објава станала вирална и собрала 200.000 лајкови. Таа за локалниот медиум “Record TV” рекла дека насилството се случило на забава на фарма во бразилската држава Сао Пауло.

Рекла дека била дрогирана и принудена да има секс со најмалку тројца мажи. Понтес исто така тврди дека била повикана на забава и дека отишла со пријателка која исто така била нападната од група мажи. Тврди дека мажите ја заклучиле вратат, спречувајќи ги девојките да заминат.

„Не можев да излезам. Никој не влезе и никој не излезе од куќата“, рекла таа.

Рекла и дека еден од инфлуенсерите ја фатил за врат и ја удрил со тупаница во уста. За тоа време другите двајца велеле: „Тоа е тоа, го заслужи ова“.

„Имаш секс без моја согласност. Бев многу ранлива. Не знаев што се случува“, рекла таа.

Полицијата поради пријава за сексуално злоставување побарала уште едно вештачање од Институтот за правна медицина. Нашиот тим ги идентификува сите вмешани. Ќе има сослушување и на жртвите што ќе придонесе за расветлување на фактите. Истрагата продолжува во тајност – соопштиле од полицијата.