ВестиПопуларно

“Крв прскаше на сите страни!” – Инцидент во основно школо во Сараево откако ученик донел скалпел во школо!

Во сараевското основно школо „Шип“ изби инцидент кога еден од учениците донел скалпел на училиште и го мавтал пред соучениците во соблекувалната. Во инцидентот ученикот со скалпел на крајот се повредил самиот себе.

Мајка на еден од учениците даде изјава за инцидентот и откри дека инцидентот не без повреди со оглед на тоа што детето што го донел скалпелот си нанел сам на себе озбилна повреда.

„Самиот инцидент по себе беше опасен. Се случи во машката соблекувална. Детето извади скалпел и почна да го мавта во насока на другите деца имитирајќи го ликот од играта Granny и повторувајќи дека е луд. Среќа ги промашил трите деца додека едното прибегнало во тоалет. Земајќи залет кон тоалетот детето се сопна и си ја исече тетивата. Настана хаос, крв прскаше на сите страни. Други повредени нема и за жал детето се повредило само себе.“ – Кажа една од мајките на децата.

Играта „Granny“ за која станува збор е хорор игра во која децата треба да избегаат од заклучена куќа дур ги брка бабичка со лоши намери