Иран го нападна Израел со 300 дронови, речиси сите беа соборени
Вчера Иран лансираше дронови и балистички проектили кон Израел, објави тамошната војска и додаде дека 99 % од нив биле соборени од противоздушните системи на Израел и државите од регионот.
Според извештаите од Израел, резултат од нападот е едно повредено лице и мала штета на воена база на југот на Израел.
Од ИДФ додаваат дека имало напади и од Ирак и Јемен.
Според медиумите САД му помогнале на Израел да ги собори речиси сите дронови и проектили. Американски авиони ја надлетувале областа по нападот на Иран.
Иран се закани со одмазда откако Израел го бомбардираше иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, при што загинаа и генерали на Иранската револуционерна гарда.
Потсетуваме, Иран се закани дека ќе нападне уште посилно ако Израел реши да се одмаздува и ги предупредија САД да не се мешаат.
„САД не сакаат конфликт со Иран, но ќе дејствуваме ако треба да ги заштитиме нашите сили и да ја поддржиме одбраната на Израел“, изјави Лојд Остин, американскиот министер за одбрана.