Испливаа непристојните пораки што принц Хари ѝ ги испраќал на соработничка – Вака ја вознемирувал, светот во шок!
Ваквото однесување наиде на жестоки реакции во медиумите.
Принцот Хари често е тема во странските медиуми поради интересниот живот што го води откако ја напушти кралската фамилија. Но, неодамна се најде во центарот на скандал, откако реши да ја напушти добротворната организација „Сентебале“, која ја основаше пред речиси две децении.
Претседателката на организацијата, д-р Софи Чандаука, го обвини принцот за „вознемирување и малтретирање“, обвинување кое одекна како бомба во јавноста.
Според нејзините изјави, принц Хари ѝ испратил „непријатна“ порака, која само ги потврдила гласините дека војводата од Сасекс е навикнат луѓето да му бидат потчинети.
Најверојатно, принцот барал од Чандаука да ја „изглади“ непријатната ситуација што настанала откако Меган ѝ побарала да не стои покрај Хари на добротворниот поло турнир. Сведоци кои ја виделе пораката велат дека е „многу непријатна“ и напишана во „заповеднички тон“.
Овој инцидент не наиде на добар прием во медиумите, па Хари се најде во мошне незгодна позиција. Особено бидејќи токму тој беше гласен критичар на сите кои ја малтретирале неговата сопруга во минатото — а сега, според многумина, тој самиот малтретирал своја соработничка.
Чандаука изјави дека по инцидентот се соочила со низа непријатни ситуации кои ѝ го нарушиле секојдневниот живот. Била приморана да ги затвори своите профили на социјалните мрежи поради огромното количество омраза и онлајн малтретирање од страна на обожаватели на парот.
– Војвотката прво рече дека нема да дојде на настанот, но подоцна реши да присуствува и дури доведе и пријателка – многу позната личност, Серена Вилијамс – изјави Чандаука и додаде:
– Поради тоа немаше доволно место на бината, па таа одлучи мене да ме тргне – нешто што се гледа на снимката, која принцот Хари повеќепати бараше да се избрише.
Иако многумина ја осудија Чандаука за нејзините изјави, таа не се откажува од својата борба и решена е да истера правда – не само за себе, туку и за сите кои поминале или ќе поминат низ слична ситуација.
Да потсетиме, пораките на Хари се однесуваат на проблемите што настанале за време на добротворниот поло турнир во Мајами минатата година, кога принцот инсистирал да доведе Нетфликс екипа за снимање сцени за нивниот документарец. Кога настанот бил пренасочен, Меган се појавила ненадејно, заедно со Серена Вилијамс, што довело до хаос на церемонијата на доделување награди. Војвотката наводно ја тргнала Чандаука од бината, а видеото стана вирално. Подоцна, Хари ја замолил Чандаука да даде изјава во одбрана на Меган, но таа одбила.