ВестиПопуларно

Истополови бракови дозволени во Грција

Вчера, LGBTQ заедницата се избори за голема победа и успеаја да добијат истополови бракови.

LGBTQ заедницата се бореше за овие права во Грција над 10 години. Пред да се изгласа законот, улиците беа полни со луѓе што чекаа да дознаат дали всушност ќе можат да учествуваат во бракови. Гласањето на законот беше проследен со славје од страна на грчкиот народ.

Изгласаниот закон им дозволува на истополовите парови да стапуваат во брак и да посвојуваат деца. Ова ја прави Грција една од првите православни држави што го легализира истополовиот брак.

„Ова е историски момент, ова е ден за радост. Горди сме што сме Грци“ изјави Стела Белиа, која е лидерот на групата за истополови бракови.

За законот гласаа 176 од 300 членови во парламентот. Иако пратениците на премиерот Кириакос Мицотакис или одлучија да бидат неутрални или да гласаат против, сепак имаше доволно поддршка да помине законот.