ВестиПопуларно

Каде оди истрагата? Мајката е клучна алка за решавање на случајот со исчезнатата Данка

По опширното пребарување на теренот во кое учествувале повеќе од 1.000 луѓе, исчезнатото девојче Данка Илиќ не е пронајдено. Поради тоа фокусот истрагата, во склад со вообичаената полициска пракса, е префрлен на семејните контакти на таткото и мајката на Данка Илиќ.

Посебно значење за истрагата има мајката Ивана Илиќ, бидејќи таа била единствена со децата во моментот на исчезнувањето и практично последна ја видела својата ќерка пред исчезнувањето.

„Сега се е насочено кон родителите, нивните контакти, се проверуваат телефони, веројатно дел од најблиските ќе бидат ставени на полиграф. Полицијата и сите вклучени во истрагата детално го прегледуваат теренот, така што сега фокусот се шири“, рекол за „Република“ поранешниот началник на УКП Миле Новаковиќ.

„Се проверува кој со деца ја минал границата, на се треба да се обрати внимание“, изјавил тој.

25-годишната Ивана Илиќ, мајка на Данка Илиќ, веќе осум години е во врска со својот сопруг Милош Илиќ (30). Имаат постар син и ќерката Данка, која во мај ќе наполни 2 години. Ивана е бремена, поради што во истрагата за исчезнувањето не можела да биде испрашана на полиграф.

Родена и растена во Брестовац, приградска населба на половина пат меѓу Бор и Бањско поле, Ивана одела во основно училиште во Брестовац, додека средно машинско-електротехничко училиште завршила во Бор.

Со години живеела на релација Бањско поле – Брестовац. Во текот на детството, од пролет до есен, времето го минувала во Бањско поле, токму во куќата покрај која во вторникот исчезнала нејзината ќерка Данка. Зимите ги минувала во семејната куќа во Брестовац.

Ивана младоста ја минувала во куќата со својот дедо, татко и брат, откако нејзината мајка починала пред таа да тргне во средно училиште. По раѓањето на девојчето, не доаѓала често во Бањско поле, велат соседите.

Пред околу година и пол, Ивана и Милош се преселиле во Бор, каде истиот ден организирале и свадба и крштевка за својот син. Сега живеат во трособен стан на родителите на Милош.

Соседите од Бор ги опишуваат Ивана и Милош како посветени родители кои често шетаат со децата – момчето за рака, девојчето во количка. Неодамна почнале да шетаат и со ќерката Данка која проодела. Профилите на Ивана и Милош на социјалните мрежи ја потврдуваат оваа слика, а децата секогаш се убаво облечени, никогаш запуштени.

Соседите велат дека неодамна родителите на Милош се иселиле од станот во кој живееле заедно, но причината не ја знаат.