Камерите снимиле страшен момент кога девојка е однесена од бран! Наеднаш исчезнува под вода во Сочи
Шокантниот момент бил снимен од случаен минувач.
20-годишна девојка била однесена од голем бран на плажа во Сочи, во Русија, додека имало невреме. Руските медиуми наведуваат дека настанат се случил на 16-ти јуни и дека девојката сè уште не е пронајдена.
На снимката која кружи на социјалните мрежи се гледа како млад шета по плажа. Наеднаш губат рамнотежа од брановите, а девојката исчезнала во водата. Се гледа како момчето ја бара, но залудно.
Надлежните служби ја бараат девојката од 16-ти јуни, но сè уште не е лоцирана.